fbpx
1.8 C
Skopje

ФОТО: Трамп се сретна со Папата во Ватикан

АКТУЕЛНО

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска заедно со неговата сопруга, првата дама на САД, Меланија Трамп се сретна со папата Франциск.

За време на состанокот зад затворени врати што траеше речиси половина час, Папата го замолил Трамп да биде миротворец, а тој ветил дека нема да ја заборави неговата порака.

Трамп на папата му подарил книга на Мартин Лутер Кинг и му рекол дека се надева дека ќе ужива во неа. Трамп во Ватикан пристигнал во придружба на сопругата Меланија која за разлика од посетата на Саудиска Арабија носела марама на главата, што е во склад со протоколот на Ватикан. Американскиот претседател по средбата со Папата во Ватикан заминува во Брисел каде што ќе има средби со белгискиот Крал Филиш, со премиерот на Белгија Шарл Мишел, но и со високата претставничка за надворешна политика од ЕУ, Федерика Могерини.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -