Американскиот претседател е во официјална посета на Брисел, каде се сретна со првите луѓе на ЕС и ЕК, но и со новиот претседател на Франција, Емануел Макрон. Трамп се најде во незгодна ситуација, откако сакајќи да излезе напред со цел да излезе подобро на фотографијата, го избутка премиерот на Црна Гора Душко Маркович.
Ова се случи за време на средбата на НАТО во Брисел, а фоторепортерите не пропуштија да го запечатат моментот.