„Иако скоро 11 години имаше шанса да ги придвижи евроинтеграциските процеси за доброто на граѓаните на Р. Македонија, Никола Груевски правеше се за целосно да ги загорзи евро-атлантските перспективи и да ја оддалечи земјата од цивилизираниот демократски свет.
Наместо да поставува услови, Груевски треба да се подготви за опозиција и да понесе одговорност за она што и го стори на Р.Македонија во изминатите години и да го остави чесното членство на ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи реформските процеси кои носат добро за сите.
Новата Влада ќе ги придвижи интеграциските процеси и повторно ќе ги отвори евро-атлантските перспективи коишто Груевски ги кочеше 11 години“ се вели во соопштението на СДСМ.