fbpx
2.8 C
Skopje

ДС: Влада со реформски капацитет

АКТУЕЛНО

„Демократскиот сојуз смета дека парламентарните партиии: ДУИ, БЕСА И АЛИЈАНСАТА, не само декларативно туку и практично мораат да придонесат кон формирање на Влада со силен демократски и реформски капацитет, како и тоа да водат сметка за пошироките државни интереси.

Инсистирањето (уцените) на што е можно поголем број на министерски места во Владата и во извршната власт во целина, можно е да го наруши меѓуетничкиот баланс и да ги блокира промените неопходни за стабилизација на состојбите и воспоставување нов систем на вредности и владеење.

Граѓаните се изморени и истоштени од предолгото владеење на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, но нетрпеливи и натаму да живееат во неизвесност и од волјата на “кратковиди” политичари кои моменталниот распоред на силите во парламентот го користат за уцени.

ДС очекува да преовлада чувството на одговорност и потребата за коренити промени за кои над 700 илјади граѓани гласаа“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -