Грузија е категорична во намерата да стане член на Северноатланскиот пакт, изјави премиерот Георги Квирикашвили во своето обраќање на пленарната седница на Парламентарното собрание на НАТО во Тбилиси.
Тој рече дека во последните години активна соработка на Грузија со НАТО достигна највисоко ниво.
Премиерот на Грузија посочи дека земјата ќе го продолжи процесот на интеграцијата во Алијансата и реформите во оваа насока.