-0.2 C
Skopje
Thursday, January 16, 2025

Турција и ЕУ почнуваат билатерална програма за политички дијалог

Турција и Европската унија ќе се фокусираат на подобрувањето на царинската унија и договорот за мигрантите во согласност со договорената 12-месечна карта . Првата средба по тој повод ќе се одржи на 13 јуни на ниво на политички директори и ќе разгледа развојот на сегашните односи, соопштува весникот Hürriyet.

Анкара и Брисел планираат и спроведување на средба на министерско ниво во јули. Во следните месеци ќе бидат обновени Енергетскиот дијалог и економските состаноци, потврди пред медиумите извор, кој побарал анонимност.

Потсетуваме дека на 25 мај претседателот Реџеп Тајип Ердоган се состана со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во белгиската престолнина, постигнувајќи согласност за подобрување на заладените односи.

поврзани објави

Последни објави