-1.2 C
Skopje
Monday, January 20, 2025

Дачиќ: За Македонија проблем се само српските разузнавачи

Српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ изјави дека на Македонија и пречат српските разузнавачи, но не и американските, германските и француските.

Дачиќ ја даде изјавата откако македонското Министерство за надворешни работи ја повика на разговор српската амбасадорка во Скопје Душанка Дивјак Томиќ, со цел да го објасни присуството на Горан Живаљевиќ, советник во српската Абасада во Скопје и вработен во Безбедносно-информативната агенција во Парламентот на Македонија на 27 април, кога во зградата упаднаа демонстранти.

Дачиќ наведе дека разговорот бил коректен и дека не станало збор за преземање мерки против Живаљевиќ.

Тој исто така го наведе како „премногу интересно“ тоа што во македонскиот Парламент на 27 април се наоѓале и претставници на други странски служби, но властите во Скопје не ги повикале нивните амбасадори.

 

поврзани објави

Последни објави