6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Путин: Нема докази дека Асад користел хемиско оружје

Рускиот претседател Владимир Путин денеска отфрли какви било алузии дека силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад стојат зад нападот со хемиско оружје во провинцијата Идлиб во април, кога загинаа десетици лица.

„Според нашите информации, нема докази дека Асад користел хемиско оружје. Ние сме убедени дека тој тоа не го сторил, изјави Путин за весникот „Фигаро“.

Тој уште рече дека понудил да организира инспекција на местото каде се случи нападот во Кан Шеикун, но големите сили тоа го отфрлиле.

Путин тврди дека целта на обвинувањата е да се дискредитира Абас и да се изврши притисок врз него.

поврзани објави

Последни објави