fbpx
15.8 C
Skopje

Експлодираше незадоволството во албанската опозиција, се бара смена на лидерот Баша

АКТУЕЛНО

Откако опозицската Демокатска партија ги утврди кандидатските листи за парламентарните избори, „екплодираше“ незадоволството меѓу познатите личности во партијата, кои не се најдоа на истите.

Дел од нив се Јозена Топали и Арбен Имами, кои јавно побараа смена на партскиот лидер Љуљзим Баша.

Тие кандидатските листи ги нарекоа „нула“, а Баша го обвинија дека договорот со социјалистичкиот лидер и актуелен премиер Еди Рама го напаравил без консултација со партиските структури.

„Нивното барање падна како бомба на албанската политичка сцена“, констатира транската телевизја Топ чанел, дообјаснувајќи дека за да биде сменет од лидерската позиција барањето за изгласување недоверба треба да биде поддржано од над 50 отсто од бројот на членовите на Националниот совет на партијата.

Нацоналнот совет на ДП брои 270 членови, што значи дека Топали, Имами и нивните приврзанци треба да соберат потписи на најмалку 136 членови па да почнат процедура за смена на Баша.

Топали е клучна личност во партијата, каде долг период е потпретседателка, во време на владеењето на ДП беше спикер на парламентот а Имами пратеник и минстер за економја.Покрај нив на кандидатска листа не се најдени ни поранешната министерка за евронтеграци Мајлинда Брегу, но таа не ја подржува иницијативата на нејзините сопартијци.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -