6.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

Заигра метлата во Барселона: Девет фудбалери на излезни врати, двајца од нив стандардни првотимци

Новиот тренер на Барселона, Ернесто Велверде, веднаш се зафати за сериозна работа со цел да изгради тим кој следната година не само што ќе атакува по првото место во шпанска Примера, туку ќе се обиде да го донесе и пехарот од Лигата на Шампиони.

Речиси една половина од актуелниот тим на Барселона е на излезни врати, од кој дури и двајца стандардни првотимци. Имено на листата на фудбалери кои ќе ја напуштат Барселона се Алеикс Видал, Жереми Матје, Лукас Диње, Жорди Алба, Рафиња, Арда Туран, Пако Алкасер и Денис Суарез.

Новиот тренер на Барселона со себе носи и листа на фудбалери кои сака да ги види од наредната сезона во клубот. Како потенцијални засилувања се споменуваат Андер Ерера од Манчестер Јунајтед, Хектор Белерин од Арсенал и Ејмрик Лапорт од Атлетико Билбао.

Останува да видиме што се ќе може да промени Валверде во текот на неговиот мандат во Барселона, имајќи во предвид дека Каталонците зад себе имаат скомна сезона со само еден освоен трофеј.

поврзани објави

Последни објави