Претседателот на ВМРО НП Љубчо Георгиевски во гостувањето на емисијата shqiptet на телевизијата Алсат М рече дека очекува нови ветришта и раздвижувања во ВМРО-ДПМНЕ. Поранешниот премиер рече дека во ДПМНЕ треба да си го постават прашањето – дали тоа раководство може да ја врати партијата на власт после четири години или пак ќе ја забетонира позицијата на СДСМ да добие уште четири години власт.
„Јас лично немам големи политички амбиции но сакам Македонија да оди напред. Би се радувал ако дојдат нови ветришта во ВМРО-ДПМНЕ. Очекувам раздвижувања во ВМРО-ДПМНЕ. Би сакал оваа партија внатрешно да се реформира, ќе видиме што ќе се случи. Јас кога изгубив и кога бев изолиран за да и помогнам на партија си дадов оставка. Тука не е сега работата дали некој од внатре ќе го менува Никола Груевски. Тие тре да си го постават прашањето. Дали периодот што ќе следи со СЈО, тоа раководство може да ја врати партијата на власт после четиригодини или пак само ќе ја забетонира позицијата на СДСМ да добие власт уште четири години. Оставката на Никола Груевски ќе биде дел од решението за ВМРО-ДПМНЕ. Ова нема туку така да помине. Мислам дека партијата ќе влезе во една тотална изолација доколку ВМРО-ДПМНЕ внатрешно не се реформира,“ рече Георгиевски.