13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

(ВИДЕО) Заев по примопредавањето: Денеска е почетокот на реформите во Македонија

Уште еднаш ја честитам новата Влада. Господ да ни дава памет на нас политичарите мудро да водиме, исклучиво во интерес во граѓаните и господ да ни ја чува Македонија. Денеска е почетокот на реформите во Македонија, рече Заев.

Тој кажа дека најголеми реформи ќе бидат во правосудството, каде ќе се вгнездуваат професионалност и непристрасност.

-Ќе дадам насока да се отворат портите, Владата треба да биде достапна, таа е Влада на сите, мора да биде отворена, рече Заев на новинарско прашање дали ќе ја отстрани оградата пред владата.

Тој вели дека мора да се гарантира и безбедноста и идннината врз сите граѓани и го осуди нападот врз екс министерот за здравство, Никола Тодоров.

-Констатиравме со Иванов дека ни е потребна соработка. Ги извршуваме функциите во интерес на граѓаните, ќе направиме се оваа соработка да биде на највисоко ниво. Јас сум за соработка со сите, верувам дека на Македонија и треба оптимизам и позитивни пораки, рече премиерот Заев.

Заев рече дека денеска се укинува екстерното тестирање преку измена на три законски решенија, што е добро за децата.

-Со барањето јавно оставка од Марко Зврлевски почнаа реформите во правосудството, ќе почнат и економските промени. Верувам дека може посреќно и побериќетно економски да се живее во Македонија, истакна Заев.

На прашањето каде ќе живее, рече дека нема да спие повеќе во партијата и ќе ја користи вилата на премиерот, но најверојатно неговата фамилија ќе остане во Струмица.
-Имам намера да бидам татко, пријател, родител, другар, ние 24/7 нема да работиме. Ќе бидеме и родители, пријатели, обични луѓе, верувам дека и како таков им требам на граѓаните на Македонија, рече Заев.

На новинарско прашање, Заев рече дека министерот Тевдовски веќе побарал ревизија на буџетот.

поврзани објави

Последни објави