16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Зачудувачки почеток на Емануел Maкрон на меѓународно ниво

Говорот на францускиот претседател Емануел Mакрон на англиски јазик, испратен вчера вечер до Доналд Трамп, е пренесен од американските медиуми. Некои од нивго поздравија неговиот говор, со оглед дека францускиот претседател „го искритикува“ или „му одржа лекција“ на својот американски колега, кој одлучи да ги повлече САД од Договорот за климата од Париз, јави дописникот на МИА од Париз.

Во говорот изречен во четвртокот ноќта, еден говор на француски јазик, а еден друг на англиски јазик, Емануел Maкрон не ја промаши својата цел. По одлуката на Доналд Трамп за повлекување на САД од договорот за климатските Париз, францускиот претседател сакаше да му се обрати на светот и директно на Американците, а пораката е примена јасно.

Во телевизиско обраќање, претседателот на Франција, Макрон отфрли каква било можност за нови преговори, откако претседателот Трамп ги повлече САД од Парискиот договор за климатски промени. Макрон рече дека овој потег е грешка.

Зборувајќи на француски и на англиски, Макрон ги повика научниците, инженерите, претприемачите и секој кој е разочаран од одлуката на Трамп да ја сметаат Франција за „втора татковина“.

– Парискиот договор останува непроменет и ќе се спроведе не само од Франција туку и од сите други земји. Ќе успееме оти сме целосно посветени, оти каде и да живееме, кои и да сме, сите делиме иста одговорност: да ја направиме повторно голема нашата планета, рече Макрон.

Меѓу медиумите кои го поздравија овој говор на Макрон е и веб сајтот „Политико“ и списанието „Тајм“ кои оценуваат дека Макрон со фразата се побива со слоганот на Трамп „Да ја направи повторно голема Америка’.

– Mакрон е во процес на градење на моќен човек на планетата, а не е првпат Трамп да се најде во неволја со неговите мачо ѓаволии, пишува „Политико“, со што се приближува синоќешниот настап на Maкрон со тој на самитот на НАТО.

Ракувањето меѓу двајцата претседатели тој ден беше многу коментирано, некои медиуми напоменаа дека нивните прсти побеле во оваа симболична пресметка на одмерување на силата. Терминот „силен планетарен човек“, исто така, потсетува на натписот објавен во четвртокот од страна на „Њујорк тајмс“, со наслов „Зачудувачки почеток на Емануел Maкрон на меѓународно ниво“.

– Макрон јасно стави до знаење дека не е морон и дека тој не се плаши да зборува енергично, пишува американскиот весник фокусирајќи се посебено на неговата средба со Владимир Путин во Версај.

„Вашингтон пост“, кој се обидува да ја анализира одлуката на Трамп, оценува дека претседателот на САД сака да се одмазди за ракувањето.

– Јас бев избран да ги претставувам граѓаните на Питсбург, а не тие на Париз, изјави вчера Трамп.

– Слушајќи го францускиот претседател, 31 години помлад од него, како се фали (за ракувањето), го налути и збуни Трамп, изјави неименуван извор за „Вашинбгтон пост“.

Сајтот „Кварц“ оди подалеку и едноставно верува дека Макрон со својот говор го стави на „ражен“ Трамп, истакнувајќи дека тоа беше прв говор изречен на јазикот на Шекспир од Елисејската палата.

„Кварц“ во детали ја анализира офанзивата на францускиот шеф на државата. По телефонскиот разговор со Трамп, за да му објасни дека Франција повеќе нема да ќе работи со САД во врска со прашањето на климатските промени, тој даде заедничка изјава со Германија и Италија, за да потсетиме дека за „договорот нема да се преговара“, како што е предложено од страна на Трамп.

– Но, неговиот најсилни прекор дојде од телевизиското обраќање таа ноќ од Елисејската палата, според кој младиот претседателот му одржа лекција за грешката Трамп за интересите на неговата земја, неговиот народ и за иднината на нашата планета, пишува „Кварц“.

Сајтот „Вокс“, за кој се смета дека е блзок до левицата, оцени дека од сите бројни огорчени реакции кои се слушнаа во странство по објавата на Трамп, таа на францускиот претседател беше најдобра.

– Се чини дека имаме победник за најдобар одговор на Доналд Трамп… Maкрон е можеби нов во политичката игра, но, господи, тој знае како да се игра, пишува сајтот, кој го нарече одговорот на Макрон „херојски“.

поврзани објави

Последни објави