До крајот на векот во Шпанија и Португалија може да има големи суши кои може да продолжат во текот на годините потоа, пишува The Independent.
Ако најлошите предвидувања се покажат како вистинити, сушите во реонот можат да продолжат до 15 години, во кои количината на дождовите ќе биде помала од половина од вообичаеното ниво. Истражувачите од Универзитетот во Њукасл користеле 15 различни климатски модели на водечките научни институции, вклучувајќи ја НАСА и Институтот за метеорологија “Макс Планк”.
Тие откриле дека иако моделите покажуваат различни резултати, “големите идни суши” се во прогнозите на оние модели кои точно симулираат што се случило во минатото.
Од 1940 година во Португалија имало осум големи суши, како најсилна се смета таа од 2004г. до 2006 година
Во Шпанија имало три значителни суши, како последната која беше помеѓу 1990 и 1995 година и го погоди поголемиот дел од земјата, а дождовите се намалија за 30%.
Претходна студија покажува дека делови од Јужна Европа можат да се претворат во пустина до 2100 година, бидејќи глобалното затоплување го менува екосистемот “по еден невиден начин” за последните 10 илјади години.