Поранешната државна секретарка на САД и против-кандидат на Трамп на претседателските избори, Хилари Клинтон во обраќање на „Бук Експо 2007“ го спореди американскиот претседател Доналд Трамп со Слободан Милошевиќ.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја има каректеристиката да „поттикне сосед против сосед“, како што правеше „злобниот диктатор Слободан Милошевиќ“, вели Клинтон.
Како што јави телевизијата Н1, Клинтон го спореди Трамп со поранешниот претседател на СР Југославија и на Србија, Слободен Милошевиќ, кој според неа „го стимулирал етничкото чистење за време на војната во Босна и Херцеговина“.