6.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Македонскиот премиер до Меј: Граѓаните и Владата на Македонија решително стојат до Британија против насилството и тероризмот

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев упати Телеграма со сочувство до британската премиерка Тереза Меј и до граѓаните на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, по синоќешниот грозоморен напад во Лондон во којшто има загинати и повредени.

„Во име на граѓаните на Република Македонија, на Владата на Република Македонија и во мое лично име изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите во ужасниот напад во Лондон, до Владата на Велика Британија и до граѓаните на Британија.

Најостро го осудуваме овој шокирачки кукавички напад врз невини жители на Лондон, на Лондонскиот мост и во околните ресторани, меѓу кои има и посетители на Лондон.

Секој акт на загрозување човечки животи, каде и да се случи е загрозување на слободата и спокојот на целото човештво.

Се солидаризираме со граѓаните на Велика Британија и цврсто и решително застануваме на страната на Британија.

Потребно е да се дејствува мудро и внимателно во интерес на мирот во Велика Британија и во светот. Уверени сме дека истрагата ќе ги расветли до крај мотивите за нападот и нарачателите и инволвираните ќе се соочат со правдата.

Република Македонија е подготвена да помогне и да дејствува обединето со демократскиот цивилизиран свет во справувањето со сите облици на насилство и тероризам.
Нашите мисли и молитви се со граѓаните на Велика Британија“, напиша премиерот Заев во Телеграмата до британската премиерка Меј.

поврзани објави

Последни објави