3.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Копривата лекува над 30 болести

Копривата е исклучително богата со витамини и минерали. Таа е одличен извор на витамини А, Б, Ц, D, E и К.  Копривата содржи повеќе витамин Ц од брокулата, спанаќот, карфиолот, марулата и зелениот грав. Но не се само витамините! Копривата е богата и со минерали – калциум, манган, железо, калиум, цинк, магнезиум и бакар. Таа е извор на есенцијални амино киселини, бета-каротин и растителни влакна. Уште еден плус за копривата – таа е составена главно од вода, што ја прави супер ниско калорична – само 42 калории за 100 грама. Освен тоа, во неа има нула содржина на холестерол, што ја прави корисна за срцето и за луѓето кои страдаат од висок холестерол.

Копривата има својство да ја прочистува крвта, што ја прави корисна при анемија. Освен тоа консумирањето на коприва го намалува колиеството на шеќер во крвта, што ја прави добра и за дијабетичарите.

Еве кај кои болести и проблеми се препорачува консумирање на коприва:

– алергии
– синузитис
– артритис и остеоартритис
– крварење
– задржување на вода и течности во организмот
– дијабетес
– астма
– гастритис
– хроничен бронхитис
– рак
– болна жолчка
– егземи
– анемија и лоша циркулација
– хемороиди
– низок хемоглобин
– цистит
– проблеми со црниот дроб
– проблеми со бубрезите
– висок крвен притисок
– кај болен менструален циклус
– за зајакнување на имунолошкиот систем
– за лекување на рани
– при акни
– за слабеење
– при проширени вени
– болки во зглобовите
– гихт
– проблеми со простатата
– херпес
– дијареа и гасови
– при бременост и доење
– против првут
– против посивена на косата и др.

Извор: www.javno.mk

поврзани објави

Последни објави