13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Kафето без кофеин е корисно за здравјето

Според најновите истражувања луѓето кои пијат кафе без кофеин имаат пониски нивоа на штетни ензими од оние кои пијат нормално кафе повеќе од 2 пати на ден. Нивоата на воспалителните процеси во организмот се пониски, кога се пие кафе без кофеин.

Единствената штетна работа кај ова кафе е фактот дека може да се подигне нивото на холестерол. Според Американската асоцијација за срцеви болести, ова кафе може да го подигне лошиот холестерол и да му наштети на кардиоваскуларниот систем.

Кафето без кофеин го намалува ризикот од рак на простата. Според истражување на научниците од Харвард, редовните потрошувачи од машки пол на овој вид кафе имаат за 18% помал ризик да се разболат од рак на простатата. Ова се должи на антиоксидантите во бескофеинското кафе, кои се борат со слободните радикали во телото.

Кафето без кофеин го намалува ризикот од дијабетес. Научниците сметаат дека секојдневното пиење на 2 чаши кафе го намалува ризикот од појава на дијабетес тип 2 со околу 33 проценти.

поврзани објави

Последни објави