Премиерот на Република Македонија Зоран Заев денеска одржа средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар. По средбата, премиерот изјави дека една од препреките за влез во ЕУ, формирање на Влада и излез од политичката криза, е веќе исполнета и дека останува единствено проблемот со Грција.
Новата влада е целосно позитивна, со голем оптимизам верува дека ќе направи се да ги исполни очекувањата на ЕУ, за да ја тргнат условената препорака. Премиерот рече дека очекува поддршка од Собранието за продолжување на мандатот на СЈО и дека тоа ќе го сторат преку дебата. Тој кажа дека сака од опозицијата да направи подобри луѓе.
Заев рече дека повикува на реформи и во правосудството. Ако сакаме Македонија да биде со европски дух, земја членка на ЕУ, вградена во демократските европски институции, потребно е независно правосудство.
Тој додаде дека ќе направи се да имаат мирни први 100 дена како влада.
Ние мораме да имаме разбирање за сите, ќе се обидеме да направиме добри луѓе од опозицијата, бидејќи ние постоиме за граѓаните, рече премиерот по денешната средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар.