Сите прашања на една јавна беседа се вртат околу животот после смртта.
Учителот само се смеел и не дал ниту еден одговор.
Кога учениците го прашале што е причината за неговото молчење, тој подоцна рекол:
“Дали сте забележале дека токму луѓето кои не знаат што да прават со овој живот се оние кои сакаат друг – кој ќе трае вечно?”
“Но, има ли живот после смртта, или нема? – настојувал еден од учениците.
“Има ли живот пред смртта? – тоа е прашањето! “- рекол Учителот.
Автор: Ентони де Мело