13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Првата мерка на Владата на СДС е рушење на нешто веќе изградено

„Првата мерка на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2014-та година беше законот за отпис на долгови, а првата мерка на Владата на СДС во 2017-та година е рушење на нешто што е веќе изградено.

Владата на Заев не губи време да го оправда епитетот антиреформска. Уривање на оградата околу владината зграда и укинување на програмата „Кембриџ“ се приоритетите на Зоран Заев и неговиот тим.

Нема нови проекти, нема подобрувања, нема нова додадена вредност за граѓаните.

Граѓаните не сакаат деструкција, блокади и поништување на проектите. Граѓаните се против антиреформи. Тие очекуваат СДС да го исполни ветеното. Да не се реализира Тиранската Платформа и да се изградат нови 500 километри автопат.

Граѓаните очекуваат минимална плата од 16.000 денари, просечна од 30.000 денари, а лекарите со право се надеваат дека час поскоро ќе добијат плати од 100.000 денари, кои СДС им ги вети.

Граѓаните се во исчекување и на дополнителни 30.000 денари годишно, кои Заев ги ветуваше како поврат на 15% од ДДВ.

Граѓаните очекуваат отпочнување на преговори за членство во ЕУ и влез во НАТО без да се задира во македонскиот идентитет.

СДС нема да може вечно да живее на кредит употребувајќи го зборот „ќе“ и со лажни вести да се обидува да го дефокусира вниманието од ветувањата кои ги даде, обидувајќи се да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните се мудри и знаат што значи Влада која работи за нивно добро. Граѓаните ја гледаат разликата, а истата ќе ја види и СДС на првите наредни избори“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави