13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

(ВИДЕО) Георгиевски: Груевски го искомпромитира името ВМРО!

Претседателот на ВМРО Народна партија, Љубчо Георгиевски во интервју за бугарската Bloomberg ТВ, вели дека Никола Груевски преку контролата на медиумите, судството и узурпацијата на институциите, ја оддалечил Македонија од НАТО и ЕУ, изразувајќи жалење што на тој начин се искомпромитрало името на ВМРО, нагласувајќи дека последиците ќе бидат долги и тешки. 

На новинарско прашање за тоа што му препорачува на Груевски, Георгиевски потсети на неговата саможртва кога тој се повлекол од претседателската функција во ВМРО-ДПМНЕ и покрај тоа што немал никаков внатрепартиски притисок, за доброто на ВМРО-ДПМНЕ.

Георгиевски го повтори својот став за и околу албанската платформа, нагласувајќи дека таа е непринципиелен акт од страна на албанските политички партии.

Треба Европа, Америка со присуство и на Русија, да се седне и на мирна маса да се направи прекројување на границите, кои вакви како што се, генерираат нова нестабилност на Балканот,“ рече тој.

Во однос на прашањето за учеството на српскиот официјален претставник на специјалните служби во Македонското Собрание на денот кога беа нападнати пратениците од СДСМ и албанските политички партии, претседателот на ВМРО Народна партија, Љубчо Георгиевски, вели дека овде не станува збор за неговата лична акција, туку проблемот е што дефинитивно оваа влада на ВМРО-ДПМНЕ што веќе заминува направи едно повторно враќање на старите југослвенски политики, каде што ги заостри односите со Бугарија, Грција и Албанија, а единствено ја отвори политика спрема соседна Србија.

Тоа присуство ако ја посматрате последната година, ќе видите дека српските медиуми и аналитичари беа најактивни во анализата на она што се случува во Македонија, со акцент на антиалбанството. Тие тоа го користат како нивен доказ, дека албанците се тие кои го дестабилизираат балканот, втората работа е да се направи дополнително влијание од нивна страна во Република Македонија.

Поранешниот премиер на Република Македонија вели дека 25 години по распадот на Југославија, Србија е максимално застапена во Македонија преку медиуми, преку политика, преку поглед на историја.

Ние после 25 години самостојна Македонија очигледно не можеме да се ослободиме од погледот кон историјата од она што останало од југословенското време. По сите тие основи, за жал ние сме заробеници на таа бивша југословенска политика.

Георгиевски смета дека владата на Никола Груевски добила неколку изборни циклуси користејќи го спорот со името, наметувајќи мислење дека сите други се предавници. Тоа прашање според Георгиевски, не може да биде решено ниту во наредните четири години, што значи дека освен ако НАТО земјите и ЕУ не ја притиснат Грција да попушти, Макеоднија под Фиром да биде примана во НАТО и ЕУ, тогаш дефинитивно Македонија ќе остане надвор од тие процеси.

Лидерот на ВМРО-НП смета дека новиот премиер Зоран Заев ќе се обиде да направи чекор напред кон решавање на спорот со името, но ќе им треба согласност од ВМРО-ДПМНЕ. Потребно е двотретинско мнозинство во Парламентот, а новото мнозинство е далеку од тоа, вели тој.
ВИДЕО од интервјуто на Георгиевски ОВДЕ

поврзани објави

Последни објави