3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Премиерот Зоран Заев испрати честитки до премиерот на Црна Гора за приемот во НАТО

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, испрати Честитка до премиерот на Република Црна Гора, Душко Марковиќ за приемот на Црна Гора во НАТО Алијансата.

„Во име на граѓаните и на Владата на Република Македонија им честитам на граѓаните и на Владата на Република Црна Гора за огромниот исчекор кон демократскиот свет, преку интеграцијата на вашата држава како 29та полноправна членка на НАТО Алијансата“, вели Заев во Честитката.

Според него ова е силна мотивација за новата Влада на Република Македонија да продолжи да работи според демократските вредности и владеењето на правото, и во најкус можен рок да ја обезбеди атлантската иднина на Република Македонија.

„НАТО е пред се сојуз на демократии и граѓаните на Македонија, како и граѓаните на Црна Гора и на целиот регион, имаат потреба да бидат дел од цивилизираниот свет што носи  стабилност и безбедност како во нашите држави, така и во светот“, напиша во Честитката за приемот на Црна Гора во НАТО, премиерот Заев до црногорскиот колега Марковиќ.

поврзани објави

Последни објави