Магичната сила на етеричните масла врз кожата и организмот како целина е откриена уште во древните времиња. Така на пример, Египќаните биле познати по своите рецепти за правење на лековити масла кои жените многу ги користеле за продолжување на својата младост и убавина.
Видете кои три масла биле најмногу користени од Египќанките:
Масло од сандаловина
Маслото од сандаловина одамна го пронашло своето место во козметиката. За тоа си има и причина. Маслото од сандаловина има поволен ефект врз кожата и косата, ги отстранува подочниците, ефикасно лекува акни, егзема и габи.
Неговото редовно нанесување врз кожата може да ја подобри нејзината состојба и дури да ги намали брчките. Само по неколку недели кожата е посвежа, поеластична и помлада.
Масло од јојоба
Тоа е едно од најдобрите етерични масла и претставува извор на здравјето и убавината на кожата. Магичното масло е богато со есенцијални амино киселини, витамин Е, колаген и антиоксиданси. Соодветно е за секој тип на кожа, брзо се апсорбира и не ги затвора порите. Етеричното масло од јојоба добро влијае на сувата кожа. По негова подолга употреба кожата изгледа здрава и цврста.
Масло од алое вера
Ова масло има регенеративни, тонизирачки и навлажнувачки својства. Соодветно е за кожа склона кон акни, при изгореници и егзема. Стимулира синтезата на колаген и еластин, а исто така ја намалува длабочината на брчките и значително го забавува процесот на стареењето на кожата.
Комбинацијата од сите овие масла има неверојатен ефект врз кожата.
Врз исчистена кожа најнапред нанесете го маслото од сандаловина во областа на Т-зоната. Почекајте 5 минути и потоа нанесете го маслото од јојоба, а потоа уште неколку минути па можете да го нанесете маслото од алое вера.
Маслото од јојоба можете да го нанесувате врз целото лице, вратот и деколтето. Важно е да користите само неколку капки од маслото. Не е потребно да се нанесува големо количество од нив врз кожата. Доволни се по 3-4 капки од секое масло.
Според потребите на вашата кожа нанесувајте од маслата наутро или навечер.
Извор: javno.mk