Директорот на Државниот инспекторат на локалната самоуправа, Ванчо Шехтански денес си поднесе оставка од функцијата. Тој во својата оставка вели дека е нелогично да донесува одлуку во време на нов владин состав.
„Сметам дека со оглед на тоа дека сум именуван од претходен владин состав, нелогично е да носам одлуки во време кога има нов владин состав и нови кадровски решенија кои е логично да одлучуваат и да ја водат институцијата во иднина“, нагласи Шехтански во својата оставка.
Шехтански во 2009 година беше назначен за директор на Агенцијата за управување со одземен имот, а во септември 2010 година за директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа.