fbpx
2.3 C
Skopje

Шекеринска: НАТО е наша стратегиска цел, посветени сме на реформи и развој

АКТУЕЛНО

Република Македонија е посветена на вистинско партнерство со НАТО. Зачленувањето во Алијансата е еден од клучните стратегиски приоритети на нашата држава. Нашата намера е да гледаме напред, и да преземаме чекори кон полноправно членство, посочила министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска на денешниот состанок во Министерството со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија, морнаричкиот капетан Горазд Бартол.

Како што соопшти Министерството за одбрана, Шекеринска истакнала дека по Самитот на НАТО во 2008 година, политичката порака испратена до Македонија не беше добра, а потоа следеше и забавување во реформските процеси, но и дека Владата на Република Македонија развива амбициозни програми за внатрешни реформи.

– За нас постојат три клучни елементи – реформските процеси во Армијата, поставени реално и со реални временски рокови, модернизацијата на Армијата, за што очекуваме и поддршка за овој процес од ваша страна и внатрешна реформа во однос персоналот, кој за нас е важно да покаже професионалност и да се ослободи од политика, потенцирала министерката на средбата.

Таа додала дека Република Македонија, сепак покажа дека има капацитет за промена и дека има способност да се врати на вистинскиот пат.

– Оптимизмот за прием на земјата во НАТО расте, но работата ни од далеку не е завршена, рече министерката.

Морнаричкиот капетан Бартол потенцираше дека НАТО го враќа регионот на Западниот Балкан во фокусот и дека е посветен на развој на сите аспекти на соработка и поддршка на земјите од регионот. – Мојата канцеларија е подготвена за унапредување на соработката со Министерството и за полна поддршка за реформските процеси во оваа област, додаде тој.

Претставниците на Канцеларијата посочиле дека ако во 2008 за проблем за прием на Република Македонија во НАТО се сметаше спорот за името, сега земјите-членки на НАТО очекуваат Македонија да ги увери дека е на реформски пат.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -