-1.2 C
Skopje
Sunday, November 10, 2024

Членството на ВМРО-ДПМНЕ: Потребни се промени и внатрешна демократизација во партијата!

Долгогодишни членови на ВМРО-ДПМНЕ, интелектуалци и млади сили од партијата од прес конференција упатија јавен повик за внатрешна демократизација. Тие го повикаа целото членство да се приклучи на иницијативата, а упатија и повик кон сите стари членови кои беа исклучувани од ВМРО-ДПМНЕ да се вратат назад. Според иницијаторите, ова не е внатрешна борба за власт, туку за демократизација и враќање на силата на партијата кај обичното членство.

Ова е почеток на внатрепартиската иницијатива во ВМРО-ДПМНЕ со цел да се разбуди свеста за реформи на сите нивоа и да се врати партијата на членовите. Зад иницијатива стојат над илјадници членови на ВМРО-ДПМНЕ. Републичкиот штаб за внатрешна демократизација на ВМРО-ДППМНЕ бара прв чекор да биде измена на Статутот. Решението на состојбите се наоѓа во партијата, и единствениот пат за враќање на власт е демократизацијата на ВМРО-ДПМНЕ. Ова не е обид за разнебитување на партијата , туку таа да се врати кај членовите. ВМРО-ДПМНЕ мора да стане најсилна партија и да се врати на власт, рече еден од иницијаторите Александар Михајлоскки, долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој повика никогаш повеќе да не се дојде до ситуација моќта во партијата да се централизира на едно место.

-Начинот на кој функционира ВМРО-ДПМНЕ мора да се смени, силата извира од членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Вие членовите на ВМРО-ДПМНЕ сте силата на партијата, треба сите заедно да бидеме свесни дека без суштинска демократизација секоја следна победа ќе биде пораз. Ве повикуваме масовно да не поддржите за враќање на партијата во рацете на членовите. Оваа иницијатива не е за некого или против некого, ова е само за членовите на ВМРО-ДПМНЕ да можат демократски да ги избираат своите лидери, рече Александар Михајлоски.

Тој кажа дека се надева и Никола Груевски дека ќе ја прифати иницијативата за демократизација на партијата.

Статутот на ВМРО-ДПМНЕ еволуирал низ годините, а во моментот статутот е целосно недомократски и ние сакаме да го смениме, во кој ќе биде определена одговорноста и задачите на сите партиски функционери, рече Михајловски и најави нови активности за што поголема мобилизација на членството.

поврзани објави

Последни објави