Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со амбасадорката на ОБСЕ Нина Суомалајнен.
Како што соопштија од МВР амбасадорката му го честитала изборот на Спасовски и му посакала успешна работа. Таа понудила и помош за реформите во Министерството за внатрешни работи.
Министерот Спасовски се заблагодари на честитките и досегашната соработка со ОБСЕ и изрази уверување дека таа соработка ќе биде уште посодржајна, стои во соопштението.
Министерот потенцирал дека клучен приоритет е целосна реформа на полицијата и нагласил дека МВР треба да се декриминализира и департизира со цел да се обезбеди простор на професионалците.