fbpx
8.8 C
Skopje

Коцев: Прекинете со мобилните за време на претстава

АКТУЕЛНО

Суштината на театарот е ова:

Актерите на сцена се преправаат дека никој не ги гледа, а публиката скришно, воајерски зирка како низ прозорчиња и се преправа дека не е тука за ние да можеме да ја донесеме магијата наречена театар.

Таа магија се остварува кога ние ќе заборавиме дека некој не гледа, а кога публиката ќе заборави дека ѕирка. Тоа е бесценетиот момент заради кој излегуваме егзалтирани после претставата.

Сето ова го рушат сите звонење и јавување на мобилни, сликање со блиц, довикувања, разговори, влегување 20 минути подоцна, носење 3 годишни деца на вечерна претстава. Овие работи веднаш не враќаат.. и вас и нас.

П.С – Вчера гледав претстава и сфатив вознемирувања убиствено повеќе ме нервираат како гледач, отколку како актер.

 

Сашко Коцев

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -