fbpx
5.8 C
Skopje

Богојески до Милошоски: Ти си уценет и искористен да правиш тоа што и самиот знаеш дека е погрешно

АКТУЕЛНО

Интересна појава имаш во приказнава! Јас целосно те разбирам, уценет, обезвреднет, искористен да правиш тоа што и самиот знаеш дека е погрешно. Си напишал дека си член на ВМРО-ДПМНЕ од 16 години.. браво.. и јас сум од мои 15.. но заборави да кажеш детали за себе, кои многу непријатно ќе ти биде да ти ги отвориме! ВМРО ДО СМРТ, апсолутно така, но јас сакам ВМРО да биде сјајна ѕвезда на небото, а не инструмент за поткусурвање!“, пишува Петар Богојески – еден од барателите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, кои денеска на прес-конференција објавија дека почнуваат активности за демократизација и модернизација на партијата.
Претходно, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на својот ФБ профил обвини дека членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои вчера на прес-конференција побараа промени и демократизација во партијата, се интерсеџии.

„Чесните и достојни членови на ВМРО-ДПМНЕ знаеле да критикуваат , да укорат и да пофалат и во добри и во лошо, но го правеле тоа на начин и место што доликува на едно големо партиско семејство.

Но токму заради оние интересџиите, кои не се ни први ни последни безрбетници од основањето на ВМРО-ДПМНЕ до денес, баш заради таквите, потребни се суштински кадровски реформи во ВМРО-ДПМНЕ, за да излеземе посилни, со сплотување на членството, со единството и целокупноста на партијата како заедничка врвна цел за следната изборна победа!“, пишува Милошоски на ФБ.

Инцијаторите од Републичкиот штаб за внатрешна демократизација на ВМРО-ДПМНЕ вчера објавија почеток на иницијатива за, како што велат, реформи кои ќе ја вратат партијата назад кај членовите.

Тие најавија дека првична цел на Републичкиот штаб ќе биде измена на статутот, со што ќе се внесе демократски дух во ВМРО-ДПМНЕ, а согласно европските стандарди и заложбите на европските сестрински партии. Тие велат, потребни се нови луѓе за брза промена на владата на СДСМ, за враќање на угледот на партијата пред домашната, но и меѓународната јавност.

По повод вчерашната прес-конференција на Републичкиот штаб за реформи на ВМРО-ДПМНЕ, се огласи и професорот Јове Кекеновски кој истакна дека е добро сите заедно да се борат против овие абнормалности во ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајќи на улогата на ФРОДЕМ, за како што вели,  стрмоглавото уривање на институциите на системот, партијата како и општествените вредности во Република Македонија.

 

 

 

 

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -