4.8 C
Skopje
четврток, ноември 27, 2025
spot_img

Меј до Меркел: Британија почнува со преговори за Брегзит за неколку недели

Британија има намера да почне преговори за Брегзит како што и планираше – во следните неколку недели, и нагласила британската премиерка Тереза Меј на германската канцеларка Ангела Меркел.

Премиерката ја потврди својата намера преговорите за напуштање на Британија на Европската унија да почнат како што е планирано во следните неколку недели, соопшти Кабинетот на Меј.

Во таа смисла, Меј дала целосно уверување до лидерите на ЕУ кои изразија сомневања по слабите изборни резултати на Конзервативците.

поврзани објави

Последни објави