fbpx
-6.2 C
Skopje

Синот на Моамер Гадафи е „ослободен од затвор со амнестија“

АКТУЕЛНО

Саиф ал Ислам, најмладиот син на насилно соборениот либиски водач Моамер Гадафи, соопштил дека бил „ослободен со амнестија“, јавуваат локалните медиуми.

Ал Ислам (44) пред шест години беше заробен и затворен од припадниците на една либиска милиција (паравоена исламистичка група) во градот Зинтан.

Во 2015 година, судот во Триполи го осуди на смрт Ал Ислам за „воени злосторства“, но милицијата која го најде и го зароби во 2011 година, одби да го предаде, па за него ништо не се знаеше до неодамна , кога милицијата од Зинтан објави дека синот на Гадафи „наскоро ке биде ослободен“.

Тој меѓутоа и натаму е на листата со потерници од Меѓународниот кривичен суд, обвинет за „злосторства против човештвото„ иако ваквото обвинување со ништо не беше потврдено, освен со воинствените, заканувачки изјави, во стилот на неговиот ликвидиран татко, за целосно унишување на исламистичките бунтовници на истокот од Либија, во реонот на Бенгази.

Саиф ал Ислам се означуваше како најверојатен наследник на Гадафи на лидерската функција.

Тој е дипломец на угледната лондонска Школа за економија, имаше имот во Лондон и Британија и пред бунтот на исламистите во Либија, беше често гостин на бројните приеми во лондонскиот круг на познати личности.

За него се зборува дека има одиграно клучна улога во изградбата на односите меѓу Либија и Западот, по 2000 година, откако Гадафи и западните земји се спогодија за враќање на Триполи во меѓународната заедница, за сметка на либиското откажување од оружјето за масовно уништување и од менаџирањето со меѓународниот тероризам.

Во западните медиуми, од пред избувнувањето на исламистичкиот бунт, тој се означуваше како застапник за модернизација и реформирање на Либија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -