Битката за титулата во НБА меѓу Кливленд и Голден Стејт е тешка а фановите ја следат внимателно битката меѓу Леброн Џејмс и Кевин Дурант. На денешниот ден пред 20 години, Мајкл Џордан го изигра еден од најлегендарните натпревари во својата кариера. кој засекогаш ќе остане запаметен во историјата.
Двобојот № 5 на 11 јуни 1997 година во Солт Леик Сити, остана познат како „Грипниот натпревар“, зошто во него Џорџдан играше болен.
Џордан изгледаше изморен а неговиот тим губеше со 16 поени уште во првата четвртина. Сепак, во втората четвртина Мајкл ги зема нештата во свои раце, кога сам му донесува 17 поени на својот тим и ги враќа Биковите во живот.
https://www.youtube.com/watch?v=IlBJNl1wDK0
Тој продолжува да се бори со вирусот, често изгледајќи дека е на прагот да падне, но издржува и ги води неговите во клучна победа, откако постигна важна тројка на само минута пред крајот за победа од 90:88.
Она што остави најголем впечаток на тој натпревар е одличната игра на Џордан, кој постигна 38 поени, 5 асистенции, 3 украдени топки и 1 чадор, а после последниот сигнал може да се забележи дека едвај се држи на нозе и е поддржан и потпомогнат од Скоти Пипон додека го напушта теренот.