Меј ќе управува со малцинска влада, која во Долниот дом ќе биде поддржувана од малата северноирска Демократска унионистичка партија (ДУП) и од нејзините десетмина пратеници.
Новата британска Влада, која неделава ќе биде официјализирана во Парламентот, нема да биде коалициска и во неа нема место за пратениците на ДУП, но тие ќе бидат неопходни секогаш кога во Долниот дом ќе се расправа за витални прашања од британаката политика, како што е тоа буџетот на државата.
Пред да ја претстави новата влада, нејзина втора од јули минатата година, Меј изврши помала реконструкција на министерскиот состав.
Со реконструкцијата сите министри кои досега раководеа со најважните владини ресори, останаа на своите функции.
Министер за финансии и натаму е Филип Хамонд, за внатрешни работи Амбер Рад, за надворешни работи Борис Џонсон, а за одбрана Мајкл Фалон. Во владата останаа и министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис, како и за меѓународна трговија Лијам Фокс кои заедно со шефот на дипломатијата, Џонсон ја предводеа кампањата за напуштање на ЕУ.
Новина е враќањето во владата на Мајкл Гоув, уште еден од „тврдите“ антиевропски ториевци, кој беше во владата на Дејвид Камерон, но отпадна од составот што во јули 2016 година го направи Меј, како обновувањето на владниот ресор прв државен секретар за што е именува Демијан Грин.
Оваа функција се јавува повремено во владиниот состав и зависи од одлуката на актуелниот премиер. Решението таа функција да му се додели на Грин, во Лондон се толкува како сосема разбирлива, затоа што тој е близок сојузник и подржувач на Меј со која заедно студирале.
Грин ќе ја заменува Меј во Долниот дом за одговори на пратеничките прашања, секогаш кога премиерката нема да може самата да учествува во расправата.
Според Тереза Меј, новата Влада е составена од „талентите на ториевците“ и таа ќе се посвети, пред се, на успешно спроведување на преговорите за Брегзит, на образованието и на социјалната грижа за тешко оболените и неизлечиви пациенти и на прашањето за домувањето.
Меј одби да ги коментира пишувањата за подготвувањето „партиски пуч“ против неа, како и за барањата за оставка. Во текот на предизборната кампања, реков дека ако добијам нов мандат, имам намера да останам во функцијата до неговиот крај, што значи во следните пет години, изјави синоќа Тереза Меј при претставувањето на својата нова Влада.