Човечки е да се пивне пиво, две, а токму за ова не се исклучок и претседателите на најмоќната држава во светот. Тоа се раскажува и во книгата, посветена на улогата на алкохолот во американската политика „Mint Juleps with Teddy Roosevelt: The Complete History of Presidential Drinking”, од Марк Вил Вебер.
„Претседателите пијат од истите причини поради кои и ние го правиме“, вели Вебер. Понекогаш тоа е дел од нивните работни обврски, но понекогаш тоа се случува и кога се чувствуваат осамени и потиснати. Има милион причини поради кои човек сака да пие“, објаснува тој пред Business Insider.
Интересен факт е дека новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп е човек кој никогаш не конзумирал алкохол, иако на пазарот има пуштено особено успешен бренд Вотка.
Барак Обама е вистински љубител на пиво. Други претседатели, љубители на пенливо пиво во историјата, се Џејмс Гарфилд и Кливленд Грувер. Џорџ Вашингтон, Ендрју Џексон, Закари Тејлор биле љубители на виски.
Се тврди дека Џонсон бил избркан од церемонијата на инагурацијата на Линколн како претседател во 1865 година, бидејќи бил страшно пијан.
Џон Адамс го започнувал денот со сајдер (ферментиран алкохолен пијалок, алкохол и сок од јаболка, популарен во Велика Британија) Томас Џеферсон обожавал да пие вино, до тој степен, што го довел до работ на финансиски колапс. Џејмс Медисон, Џејмс Монро, Џон Тајлер биле љубители на доброто скапо шампањско.