23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Ѕвездите раскажуваат зошто не пијат алкохол

Има една приказна, дека човек кој не пие, крие нешто. Па, не знаеме дали овие светски познати личности имаат сериозни тајни, но можеме само да ги поздравиме за волјата. Особено оние од нив кои се откажале од алкохол по тешки злоупотреби.

Тоа можеби претставува едно од најтешките предизвици со кои човек може да се соочи – борбата со зависностите.

Многу дами споделија дека токму апстиненцијата од алкохол е важен клуч за женската убавина.

Видете во галеријата кои се ѕвездите кои отворено зборат за тоа

„Кога бев 12 години, еднаш пробав голтка алкохол и тоа беше се“, Тајра Бенкс.

Руби Роуз имала проблеми со алкохолот и тотално се откажала од него, кога една ноќ излегла со Кети Пери на една пијачка, а завршила повраќајки врз неа. „Немам идеја колку пари сум потрошила за алкохол во животот“, сподели Роуз.

„Ќе ми беше драго да сум од луѓето, кои одат на забава, пијат една, две пијачки и тоа им е доволно. За жал алкохолот кај мене не работи така“, сподели Даниел Редклиф, кои не пие алкохол со години, заради претходни тешки злоупотреби.

„Не пијам, не пушам, и не примам кофеин“, сподели Џенифер Лопез и мора да признаеме дека навистина и личи.

„Ретко пијам кафе и сум доста сериозен во врска со воздржаноста  од алкохол и наркотици. Животот е премногу убав за тоа“, сподели Џим Кери.

Кога била 22 години, Кристин Дејвис имала проблем со алкохолот, од тогаш веќе не конзумира, но признава дека од време на време и недостасува.

поврзани објави

Последни објави