-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Средба на Заев со претседателот на ДПА, Тачи: Конструктивна поддршка на реформските процеси

Премиерот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), господинот Мендух Тачи.

Тргнувајќи од интересите на сите граѓани заеднички е потенцирано значењето на реформите и геостратешката потреба на Република Македонија да се приклучи како полноправна членка во НАТО алијансата и земјава да добие датум за почеток на преговори со ЕУ.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ја покани ДПА да се вклучи во процесот на реформите со вградување на своите ставови во процесите коишто следуваат.

Премиерот Зоран Заев и претседателот на ДПА, Мендух Тачи, се согласија дека се што е интерес на граѓаните на Република Македонија заслужува поддршка од опозициската партија.

Во таа насока претседателот на ДПА, Мендух Тачи, најави дека партијата ќе биде конструктивна опозиција којашто ќе ги поддржува интересите на граѓаните и реформските процеси коишто значат придвиживање во евро-атланските интеграции, но во исто време ќе биде гласна во своите ставови и критики на политиките за коишто партијата ќе смета дека не се спроведуваат соодветно.

поврзани објави

Последни објави