fbpx
9.8 C
Skopje

Бебе се роди на висина од 10.000 метри

АКТУЕЛНО

За време на лет на авиокомпанијата „Џер ервејс“, на висина од 10.000 метри, вчера било родено бебе.

Летот бил пренасочен кон Мумбаи, но детето пристигнало на свет уште во авионот, благодарение на брзата акција на екипажот и обучените стјуардеси. За време на летот немало ниту еден доктор во авионот, но меѓу патниците се нашла медицинска сестра која му помагала на екипажор. Откако слетал авионот, и бебето и мајката биле згрижени.

-Поради тоа што ова е прв случај во авион од нашата авиокомпанија да се роди бебе, со задоволство му поклонуваме доживотна пропусница за сите летови на Џет ервејс, соопшти авиокомпанијата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -