-1.2 C
Skopje
Sunday, November 10, 2024

Модриќ осомничен за кривоклетство, му се заканува затвор

 Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ (31) играч на „Реал Мадрид“ и на хрватската репрезентација е осомничен за сторено кривоклетство- давање лажни искази како сведок на суд, под заклетва.

Сомневањето за кривоклетство, за кое доколку се докаже, Модриќ би можел да биде осуден на затворска казна од шест месеци, до пет години, било направено во текот на неговото појавување како сведок во истрагаа и во судскиот процес против поранешниот директор на ФК „Динамо„ од Загреб, Здравко Мамиќ.

Тој, неговиот брат и уште две други лица се обвинети за даночни измами со кои на клубот „Динамо„ му е нанесена штета од 15 милиони, а на државата Хрватска од 1,5 милиони евра.

Сите четворица се обвинети дека земале готовина  од договорите за трансфер на фудбалерите, правени преку телефон.

Модриќ кој е една од ѕвездите на мадридски „Реал„ беше повикан на сведочење на судењето на Мамиќ околу неговиот трнасфер од Загреб , во лондонски „Тотенхем„ во 2008 година.

Модриќ имал потпишано  анекс договор, за посебните услови околу паричната надокнада при идните трансфери, со кој му било овозможено да прими половина од трансфер зделката.

Според хрватските медиуми кој на судењето и сведочењето на Модриќ му посветуваат големо внимание, на сослушувањето од 13 јуни тој  лажно изјавил оти анексот го потпишал во 2004, иако тоа било направено во 2008 година кога го напуштил „Динамо„.

На едно друго сослушување во обвинителството, во 2015 година, Модриќ давал сосема друга изјава, тврдејќи дека анекс договорот го потпишал кога веке бил член на „Тотенхем“.

Хрватското обвинителството кое сега го сомничи Модриќ  за кривоклетсо верува дека  фудбалерот го направил тоа за да му помогне и да го заштити првообвинетит Здравко Мамиќ.

поврзани објави

Последни објави