1.8 C
Skopje
Saturday, November 2, 2024

Изгласана недоверба на романската влада

Романскиот парламент изгласа недоверба и ја симна од власт владата на премиерот Сорин Гриндјану.
„Гласањето недоверба помина“, соопшти извор од владејачката Романска социјалдемократска партија. Гриндјану загуби со 241 гласа „Против“, наспроти 7 гласа „За“.
Гласањето недоверба требаше да добие 233 гласови за да помине откако премиерот одби да поднесе оставка поради тоа што партиите од владејачката коалиција ја повлекоа својата поддршката кон него. Според лидерите на партиите од владината коалиција веќе поранешниот премиер не ги исполнувал целите зацртани во владината програма.

поврзани објави

Последни објави