14.8 C
Skopje
Sunday, October 6, 2024

Верушевски ќе му биде советник за национална безбедност на Заев

Поранешниот разузнавач, Зоран Верушевски, ќе биде назначен за советник за национална безбедност во Владата, дознава „Фокус“. Иако медиумите шпекулираа дека Верушевски ќе добие раководна функција во МВР или УБК, сепак дознаваме дека тој ќе биде советник за безбедност.

„Фокус“ стапи во контакт со Верушевски, но тој ниту ја потврди, ниту ја демантираше информацијата.

Верушевски, заедно со премиерот Зоран Заев, до неодамна беа обвинети во случајот „Пуч“, за нелегалното масовно прислушување, но откако предметот го презеде СЈО, обвинението против нив беше повлечено.

Верушевски потекнува од Струга. Тој во 1992 година докторирал на Факултетот за безбедност во Скопје, на тема „Терористичките акти на емиграцијата во југословенско – германските екстрадициони односи до почетокот на деведесетите години. Во биографијата на Верушевски стои и ангажманот, декан на ФОН Универзитетот на Факултетот за детективи и безбедност.

Во 1998 година бил избран директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, но по промена на власта, тој беше разрешен. Во 2002 година, по победата на СДСМ на парламентарните избори тој по втор пат беше назначен за директор на УБК.

Верушевски во 2006 година официјално бил именуван за советник во македонската амбасада во Рим.

На ова функција, советник за национална безбедност, бил и сегашниот министер Никола Димитров. Тој во 2006 година, кога ВМРО-ДПМНЕ доаѓа на власт, ја добива задачата за безбедноста да го советува тогашниот премиер Никола Груевски.

 

Извор: Фокус

поврзани објави

Последни објави