22.8 C
Skopje
Sunday, October 6, 2024

Средба Груевски-Борисов: Ги реафирмирав позииците на ВМРО-ДПМНЕ за договорот

Допрва ќе ги гледаме фактурите и договорите на коалицијата меѓу ДУИ и СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи во македонските населени места, ВМРО-ДПМНЕ победи кај турските заедници, влашката, бошњачката заедница. Легитимитетот од оваа Влада е од Арачиново, Липково, рече Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ буквално оди на сатанизација на ВМРО-ДПМНЕ. Ние имаме отворено куп фабрики, спортски сали во албанските заедници. СДСМ нема отворено ниту една фабрика, ниту во македонски, ниту во албански заедници, додаде тој.

Истото го правевте со Охридскиот рамковен договор, тоа ви е најголема гаранција за зачувување на Македонија. Единствената политичка партија која што предложила поделба е Република Македонија. Вашиот лидер Љубчо Георгиевски предложи поделба на Република Македонија преку МАНУ, вели потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири.

Вие сакавте да не втурнете во војна и конфликт, додаде тој. Според Зекири, СДСМ не дозволил никогаш унитарниот карактер да се наруши. Тој го обвини Ѓорчев дека обвинува дека албанските гласачи се помалку знајачјни од гласовите на македонецот

 

 

поврзани објави

Последни објави