3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

ОФИЦИЈАЛНО: Меси нема да лежи во затвор!

Лео ќе плати 252 илјади евра за затаените даноци од 4,1 милион евра.

Мегазвездата на Барселона Лионел Меси, како што се очекуваше, нема да влезе во затвор. Тоа стана факт, откако шпанската прокуратура го прифати предлогот на Меси да ја замени ефективната со финансова санкција.

Според каталонскиот весник El Periodico, Лео ќе плати 252 илјади евра за затајување на посочените 4,1 милиони евра даноци. Таткото на суперзвездата – Хорхе Меси, кој беше осуден на 15 месеци затвор ќе плати 150 илјади евра и исто нема да заврши зад решетки.

поврзани објави

Последни објави