4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Костов разочаран што Македонија и Бугарија заеднички ќе го прослават Илинден

Големо разочарување од она што видовме и од она што го слушнавме и на крајот треба да видиме дали има договор Заев-Борисов и каков е тој договор и што содржи, но така брзо да се отиде во Бугарија, а од историјата знаеме како се однесувале бугарскиот народ кон македонскиот и дали станува збор за Вардарска Македонија, Пиринска Македонија, па дури и за Егејска Македонија кога со Грците си разменуваа население мислам дека треба да бидеме внимателни, изјави Сотир Костов во вестите на ТВ Алфа.

Многу погрешна е тезата дека ние имаме заедничка историја со Бугарите, не ние немаме заедничка историја со Бугарите, ние имаме заедничка историја со Албанците во Македонија, со Турците, со Ромите, Бонаците, а од Бугарите паметиме само окупации, тоа го правеа во Балканските војни, Првата Светска војна, Втората Светска војна и со окупатор не можеш да имаш заедничка историја, вели Костов.

Тој  не очекува прослава на Илинден заедно со Бугарија бидејќи тоа е наше Илинденско востание, наша епопеја, создадена била и Крушевската Република и затоа во Уставот стои традициите на Крушевската Република.

-Вториот Илинден е АСНОМ, тоа се повикува на светлите традиции од Илинденското востание и ако Илинден 1903 е мит, АСНОМ е конечно победа на Македонскиот народ и за прв пат создавање на Македонска држава и како сега да го сфатиме Борисов кој вели дека Македонија постои од 1991 година. Не тој не ја чита нашата историја и ако го дозволиме тоа ние ќе останеме држава без корен, држава без историја и токму така водата ќе ја наведеме самите на воденицата на Бугарите и на Грците, потенцира Костов.

поврзани објави

Последни објави