11.8 C
Skopje
Friday, November 1, 2024

(ВИДЕО) Рашковски: Братот на Мукоски добил тендер за варосување на Арената од 10 евра по квадрат

Генералниот секретар на Влада, Драги Рашковски обвини дека фирмата „Атриум“ од Вевчани, сопственост на братот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, склучила договор за варосување на помошните простории во „Телеком арената“ за 10 евра квадрат.

Ова како што рече тој се информациите кои ги добил тој како генерален секретар, па ги упати медиумите понатаму да истражат. Тој истакна дека има многу недостатоци и пропуштени рокови во реконструирањето на Градскиот стадион во пресрет на одржувањето на Суперкупот.

Рашковски нагласи дека Владата мора да ги заврши бараните реконструкции до 21 јули , а на 23 јули ќе има финална контрола дали Суперкупот ќе се одржи во Скопје.

Тој рече дека УЕФА на ФФМ му пратил допис со одредени забелешки кој од ФФМ до Владата патувал седум дена. Најголемиот проблем се неинсталираната климатизација, немањето простор за камиони и репортажни возила, планот за евентуална евакуација… „Правиме напори за соодветно електрично напојување во случај на дефект“, рече Рашковски.

„Што правел ФФМ 7 дена?“, праша Рашковски, потенцирајќи дека писмото од Фдерацијата до Владата патувало една недела. Тој рече дека засега нема технички услови за одржување на Суперкупот на Градскиот стадион.

Тој нагласи дека Владата ќе ги забрза работите за одржување на Суперкупот во Скопје.

„Ако не се одржи во Скопје, загубата ќе биде на цела Македонија“, рече тој.

Рашковски рече дека Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор треба да направи алокација на средства од 2 милиони денари за да се исполнат УЕФА стандардите.

Генералниот секретар рече дека станува збор за тематска прес-конференција и не беа дозволени прашања надвор од темата.

ВИДЕО: А1он

поврзани објави

Последни објави