fbpx
9.8 C
Skopje

На Грабар-Китаровиќ и се слоши за време на мисата по повод Денот на државноста

АКТУЕЛНО

На претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ денеска и се слоши за време на мисата во Загрепската катедрала по повод Денот на државноста.

Нејзе и се слошило за време на мисата и морала да излезе од катедралата и повеќе не се вратила.

Портпаролот на претседатлката Лука Ѓуриќ изјави дека се е во ред со Грабар-Китаровиќ. Тој посочи дека таа пред неколку дена се пожалила на повеќемесечни болки во вратот поради што мора да оди ма интензивна физикална терапија.

На „Миса за татковината“, предводена од кардинал Јосип Бозаниќ, присуствуваа и претседателот на Саборот Гордан Јадранковиќ ии премиерот Андреј Пленковиќ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -