Алексис Санчез е најголемата желба на Пеп Гвардиола ова лето и славниот тренер не прашува за цена само за да успее да го доведе чилеанскиот офанзивец.
Така, во медиумите се појавија информации дека менаџерот на Манчестер Сити е спремен на Арсенал да му го понуди сјајниот аргентинси напаѓач Серхио Агуеро, во замена за Санчез.
Гвардиола кој немаше баш успешна прва сезона во Англија, смета дека Агуеро не се вклопува во неговиот стил на игра, па во еден дел од сезоната клупската легенда се пресели на клупата.