Се сеќавате ли на Фран Бродиќ? Во Динамо пристигна како 14. годишен, две години подоцна стана најмладиот дебитант, а потоа се изгуби..
“Кога тренерот ми кажа да влезам, не бев свесен што ми се случува“, рече после дебито на свои 16 години, хрватскиот фудбалер кој само 6 месеци подоцна во Купот против Загора го постигна својот првенец.
„Да играш за Динамо е сон на секој Загребачки дечко“, порача Бродиќ, но нему во Динамо не му се остануваше. Се жалеше на мала минутажа, па затоа на своја 17. годишна возраст замина во Белгија каде потпиша за Клубот Brugge.
Тогаш почна падот на младиот фудбалер за кој некогаш буквално се тепаа Баерн, Арсенал и Манчестер Јунајтед, тим во кој беше и на проба. Меѓутоа, неговата фамилија одлучи дека останувањето во Хрватска, односно потпис за Динамо, ќе биде најдобро за неговата кариера. Во три години поминати во Белгија не забележа ниту еден настап во прволигашкиот или вторлигашкиот фудбал во Белгија.
Тој не дебатираше за Brugge, не играше дури беше и на позајмица во Royal Antwerpu па по враќањето во Brugge повторно не успеа да се наметне како првотимец и играше за помладиот тим. Сега хрватскиот тренер Иван Леко одлучи да го прати на друга позајмица во Roeselare каде што конечно треба да добие прилика откако ги реши сите проблеми со повредите кои ги имаше.