Единствената партија на Македонија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, не успеа да обезбеди пратенички мандат во новиот состав на албанскиот парламент.
Македонската партија на изборите настапи во коалиција со социјалистичкото движење за интеграција чиј поранешен лидер е Илир Мета. Партијата не успеа да освои место во Собранието на Албанија ниту на претходните избори кои се оддржаа во јуни 2013 година.