fbpx
4.8 C
Skopje

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД БЕРЛИН ДО АНКАРА за луѓето во обезбедувањето на Ердоган за Г20

АКТУЕЛНО

Германија по повод самитот на Г20 соопшти дека не очекува луѓето од обезбедувањето на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кои во САД се обвинети за насилство, да го придружуваат на Самитот Г20 што идната недела се одржува во Германија,

Претставник на германската влада изјави дека политичките лидери кои ќе учествуваат во работата на Самитот, може да ги доведат луѓето од своето обезбедување, но дека „германските закони мора да се почитуваат’.

Реакцијата на германските власти доаѓа по написите во домашните медиуми за тоа дека Ердоган на Самитот доаѓа со делегација од 50 лица и дека меѓу нив се и некои од обезбедувањето кои учествуваа во тепачката во Вашингтон за време на посетата на турскиот претседател на САД, минатиот месец.

Американските власти обвинија 12 припадници на турската тајна служба, кои го придружуваа Ердоган во САД за улично насилство и за брутално претепување на мирни демонстранти во американкиот главен град.

Тие се обвинети затоа што ги нападнале и претепале про-курдските демонстранти кои мирно протестирале против посетата на Ердоган.
Медиумите во САД покажаа дека за време на судирот, пред зградата на резиденцијата на турскиот амбасадор во Вашингтон, претседателот Ердоган седел во својот автомобил и мирно го набљудувал насилството на неговото лично обезбедување.

Предупредувањето од Берлин, би можело уште повеќе да ги влоши и онака нарушените германско-турски односи.

Медиумите во Германија најавуваат дека за Самитот Г20 што ќе се одржи во Хамбург на 7 и 8 јули, се очекуваат насилни демонстрации.

Германците најавија дека ќе има обезбедување од 15 илјади полицајци и припадници на специјалните единици.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -